Skip to main content

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Во Дебрца втор круг за Градоначалник за Зоран Ногачески и Златко Силјаноски

Вториот круг за прв татко на Дебрца ќе се одржи на 2 ноември.
 |  инфодеск  | 

Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој освои 1.212 гласа (48,1%), и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).

На изборите за членови на совет во Дебрца ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 1.136 (45,08%), а коалиција предводена од СДСМ 538 (21,35%), Искуство за успех 216 (8,57%).

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија 6 места во Советот на Општина Дебрца, , СДСМ и коалiцијата 2 мандати и Искуство за успех 1.