Skip to main content

Овоштарство

Во Дебрца започна откупот на годинешниот род цреша

Во новоотворениот откупен центар во село Требеништа и официјално започна откупот на годинешниот род на цреша.
 |  Голабовски Крсте  | 
откуп цреша

Во новоотворениот откупен центар во село Требеништа, ТД „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ и официјално го започна откупот на годинешниот род на цреша.

Откупувачот и производителите се договорија откупната цена да изнесува 80 ден/кг.Со отворањето на првиот откупен центар откупот на овошјето во општина Дебрца се подигнува на поорганизирано ниво.Од Општина Дебрца се надеваат дека и други заинтересирани откупувачи ќе го следат овој пример.

откуп цреша

Потенцираат дека Општина Дебрца и понатаму во своите локални политики ќе ја поддржува секоја активност во насока на развој на земјоделството и воопшто локалниот економски развој.