Skip to main content

Хуманитарни спортски настани

Од деца за деца Охрид 2022

Во Охрид се одржа првиот хуманитарен турнир во стрит баскет „Од деца за деца“. Собраните средства ќе одат во Центарот за аутизам во Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Турнир баскет

Викендов во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа првиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022. Покровител на настанот беа Македонските Темплари „Св.Наум Охридски“, во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

Oва е прв хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат од Македонски Темплари.
На хуманитарниот турнир учество земаа околу 60 деца кои можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација, едукација, додека со помош на Здружение Енхелеус Лихнид придонесовме и за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите.

За најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот Македонски Темплари „Св. Наум Охридски“-Охрид, додека секој учесник доби капа и маица и благодарница за земено учество.

Во категорија од 10-11 години првото место го зема екипата „Мускетари“, второто место екипата „Ѕид“ и третото место „The best boys“. За „Мускетарии“ играа Харис Абас, Милош Милошевиќ и Димитар Настовски. За екипата на „Ѕид“ настапија Ирина Ристиќ, Стефанија Шулески и Софија Каневче, додека за „The best boys“ играа Стефан Танасоски, Павел Стефановски, Дејан Мојсоски.

Турнир баскет

Во категорија 12-13 години првата награда припадна кај екипата „Топка“, второто место го земаа „Лесни пари“  и третото место припадна кај „Канаринците“. За „Топка“ настапија Василиј Топаловски, Никола Митревски, Владимир Рамбески, и Матеј Рамбески, за екипата „Лесни пари“ настапија Марко Бошковски, Матеј Стојаноски, Јован Анѓелковски, додека за „Канаринци“ играа Давид Змејкоски, Стефан Арсовски и Бојан Мојсоски.

МВП на турнирот кај Првата категорија е Софија Каневче,  а во категорија од 12-13 години е Бојан Мојсоски.

Собраните средства ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.