Skip to main content

Децата не ги заборавија највозрасните

Учениците во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

 

Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата.

Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште се залага за хуманост и почит токму кон оваа популација на граѓани, вели директорот на училиштето, Тони Симоновски.стари лица

Персоналот на геријатриското одделение изрази благодарност за оваа посета која не  е единствена. Од таму велат дека хуманитарни организации, невладини организации па и поединци постојано им приредуваат вакви изненадувања. Тие додаваат дека се радуваат кога нивните штитеници се среќни и прават вонредни напори да им го подобрат нивниот престој.

За нас преставува голема чест но и одговорност затоа што ни се доверени на чување овие стари лица кои се нечии мајки и таткожвци. Тоа значи дека веруваат во нас и во нашата работа, вели Севим Селим, раководителот на геријатриското одделение.

Лазар Стојчески кој веќе дваесет години работи на ова одделение вели дека не ретко му се случува да го преплават емоции при извршувањето на неговите работни задачи, но додава дека си ја сака работата.

Директорот на општа болница, Д-р Љубен Арнаудов ги поздрави ваквите посети на старите лица, но рече дека мора сите заедно да поработиме на решавањето на просторниот проблем. Како што кажа на ова одделение моментално има 31 кревет и сите се исполнети, а Охрид има потреба барем за 100 легла.

Ние правиме напори одделението да се прошири, но ни треба помош од Локалната и од министерството за здравство, вели Др Арнаудов.

Арнаудов рече дека треба да се стремиме да создадеме услови кои ќе одговараат на европските стандарди бидејќи старите лица го заслужуваат тоа.

{loadposition content9}