Децата од мали нозе учат за здрава исхрана
Медот и смоквата важен сегмент во здравата исхрана. Точно за овие двe ризници на витамини и минерали зборуваше нутриционистот Весна Пирузева Петроска пред дечињата од објектот „Лихнида“, Охрид.
За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“. Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед.
Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска. Според неа постојат неколку начини преку кои може децата да се едуцираат како здраво да живеат и да се хранат, за да пораснат во убави личности.
„Јас некако го замислив целиот тој настан преку песнички преку една боенка која јас ја напишав со 10 песанички во кој се обработени овоштија кои виреат во нашата држава, така да децата ќе можат да научат што можат во нашата почва д вирее.“
Петроска смета дека во Р. Македонија нема доволно литература на македонски јазик преку која децата би се едуцирале што повеќе за здравите животни навики. Боенката Овошни приказни на Петроска е за пофалба бидејќи потребно е повеќе внимание да се посвети на едуцирањето на децата од најмала возраст да прифатат здрави навики кои се важни за нивниот правилен психофизички развој.
{loadposition content9}