Skip to main content

Децата сами ги надминуваат разликите

Играта на децата од различни етникуми ги прави разликите невидливи. Децата во раниот детски развој спонтано се почитуваат меѓу себе, живеат еден до друг, играат, а разликите ги надминуваат сами. Денес тоа го покажаа 36 дечиња од охридската градника Јасна Ристеска, од објектот Росица.

 |  Николоска Биљана  | 

Децата од градинката Росица денес го окупираа малиот плоштад во Охрид. Преку игра, песна забава, дружба тие покажаа како сложно може да се живее без разлика на боја, нација и вера. Ова е најдобар начин да се придонесе за надминување на предрасудите кој што постојат меѓу возрасните, вели Розе Костеска директор на охридската градинка „Јасна Ристеска“.

„Оваа година како продолжена рака со поддршка на МТСП и градоначалникот Бакрачески, како и со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и од Британската амбасада успеавме да реализираме еден проект во неколку наврати во занималните со децата од големите хетерогени групи. Ова што имате можност денес да го видите се  однесува на 35 дечиња од објектот Росица во кој што престојуват деца од македонска, албанска, ромска и турска националност, тие заедно живеат таму со подеднакви услови, можности си ги разменуваат своите домашни искуства“ – вели Костеска.

Ваквите манифестации претставуваат минато, сегашност и иднина на нашиот град на полето на мултикултуризмот, истакна Ангел Јанев, заменик градоначалник. Тој додаде дека општината силно ги поддржува ваквите едукативни активности.

„Градот Охрид отсекогаш бил мултикултурна средина во која што дечињата македонскат,  турската и албанската народност постојано се дружеле, играле, разменувале искуства тоа и се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина“– нагласува Јанев.

Невладиниот координатор за ран детски развој, Билјана Стојаноска, истакна дека се во тесна соработка со центарот за човекови права.  Преку ваквите проекти сакале да ја скенираат состојбата кај децата од градинките да видат како се одвива мултикултурниот живот и како тоа може да се вклопи во раниот детски развој.

„Почнавме како пилот во 10 градови, меѓутоа свативме дека во раниот детски развој, децата многу спонтано се почитуваат, живеат, играат и разликите ги надминуваат сами. И да се јазични разлики тие наоѓаат начин да зборуваат исто. Играта е таа што секогаш ги прави разликите невидливи“ – истакна Стојаноска.

Во оваа активност вклучени се 12 воспитни групи од албанската, турската, како и групите од руралните средини. Проектот со реализација започна на почетокот на годината за што воспитувачите одржале  посебна обука во Скопје, а децата ги посетувале претставници од министерството за труд и социјална политика и стручни лица од Центарот за човекови права од Скопје.

{loadposition content9}