Skip to main content

Децата од градинка учат за својатa безбедност во сообраќајот

Децата од градинка учат за својата безбедност во  сообраќајот.

 |  Валентина Неловска  | 
градинка
градинка


Децата од градинка денес покажаа дека знаат што е семафор, на кое светло се преминува преку  улицата и како се вика пешачкиот премин. Најмалите преку игра во присуство на родители, претставници од општинскиот совет за безбедност, полицијата  и локалната самоуправа го презентираа она што го научиле во измнатите два месеци од своите воспитувачки.
деца
„Одевме по улици  и раскрници учевме што е дел од патот, кои се основните сообраќајни знаци и правила во сообраќајот за што е можно побезбедно да стигнат од дома до градинка“,посочи директорката на градинката Розе Костеска.  
 
Општинскиот совет за безбедност заедно со Локалната самоуправа и градинката ја  спроведуваат кампањата за подигнување на совеста и знаењето на децата за учество во сообраќајот. За децата од најмали нозе е важно  визуелно да научат за сообраќајните знаци и правила  важни за нивно безбедно вклучување на улица, кажа  Цане Георгиески  претседател на  опшинскиот Совет з а безбедност.  
„ Таа активност ќе продолжи и понатака учениците од продолжен престој ќе  изготвуваат мапи на кои ќе го означат патот за самостојно движење  од дома до училиште и назад“,   истакна Георгиески.
градинка
Заменикот градоначалник Англе Јанев им укажа на децата никогаш да не преминуваат на црвено светло на семафор, а доколку тоа го направи некој од нивните родители да се спротистават и да им укажат дека тие знаат што е  опасно за нивните животи.

„ На нашите улици на црвено светло поминуваат децата а за рака ги води повозрасна личност. Сведоци сме дека и возрасните поминуваат на црвено  па таа порака  да не им ја праќаме на младите,“ повика заменикот градоначалник.   

Јанев потсети дека сите пораки за безбедност во сообраќајот треба да стигнат до сите фактори во сooбрaќајот. Најважно е  да се развива свеста за безбедноста  на нашите деца во сообраќaјот, порача Јанев.

{loadposition content9}