Skip to main content

Децата од градинката Развигорче учат за здравата храна

 Децата од градинката  Развигорче учат за здравата храна .

 |  Валентина Неловска  | 
Razvigorce
Razvigorce

Преку песна, игра и декорирани трпези со најразлични видови овошје и зеленчук, децата од градинката Развигорче  упатија пораки за здравата храна. Во програмата, на која тема беше екологијата и здравата храна, учествуваа 130 деца од оваа предучилишна установа. Децата покажаа дека од мали нозе  учат  за значењето на здравата храна,  но и знаат што е здрава хранаzdrava hrana.

Децата и нивните родители учествуваа во подготовката на овошните и зеленчуковите салати и останатите  видови изложена храна. Украсената трпеза е резултат на соработката на родителите со наставниот кадар од градинката, напоменуваат од Развигорче. Билјана Цветаноска воспитувач во поголемата забавишна група задоволна вели дека е прекрасно да се работи со децата на  едукативни  проекти како што е оваа  тема посветена на здравата храна.

 „ Децата со  нетрпение очекуваа да научат кои се придобивките од здравата храна. Со задоволство го прифатија проектот и среќни сме што се хранат здраво и го применуваат тоа и во градинка и дома“, кажува Цветаноска.

Роза Костоска, директор на детската градинка „Јасна Ристеска“, кажува дека  екологијата и здравата храна веќе не се проекти, туку се дел од основната програма на градинката.  Многу важно е она што се учи во градинката практично децата да го применуваат  и дома, а не само  во теорија.

deca gradinkaВо основа здравата храна се применува во градинката секојдневно со соодветни нутритивни вредности. Се надеваме дека од децата родителите ќе научат и дома да продолжат со таква храна, а не да ги изложат децата на брза храна. Да продолжат со манџички,  супи и салати за да делуваме врз здравјето на децата од мали нозе“, напоменува Костоска.

Најмладите од градинката покрај тоа што учат за здравиот начин на исхрана, денес имаа можност да  научат и како да ја одржуваат  хигиената на забите.  Гости на денешната презентација беа и стоматолози.
Следна активност на децата од градинката „Јасна Ристеска“ е посета на Секторот за внатрешни работи во Охрид што ќе се одржи на 7-ми мај во рамките на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател – полицаец“.

{loadposition content9}