Skip to main content

Децата од градинката Росица со приредба и го честитаа празникот 7 мај на охридската полиција

Децата од  градинката Росица со приредба и го честитаа празникот  7 мај на охридската полиција.

 |  Валентина Неловска  | 
росица

Со песна и игра најмали дечиња од мултикултурната градинка Росица на полицајците им го честитаа денот на бебеднсоат и полицијата 7 мај. Децата играа и  пееја пригодни песни на македонски, турски и  алабански  јазик. Трета година по ред во грaдинката Јасна Ристеска се реализира проектот Мојот пријател полицаец, а на гости им доѓаат полициски службеници.


полиција„На ваков начин успеавме кај децата  да формираме навики за безбедно живеење и чување на сопствениот живот и здравје и со помош на нашите пријатели полицајци кои се присутни во  градинката, а децата ги посетуваат нивните канцаларии да се запознаеме со опрематат која ја користат. На тој начин  даваме проширување на значењето  кои ги стекнуваат децата во градинката за да ја развиваат својата  безбедност, а во иднина можеби и некој од нив ќе  стане  чувар на безбедноста“, подвлекува Костеска.

Денешната приредба од децата  од градинката Росица  е најубавата честитка  која СВР ја доби во пресрет на празникот  7 мај Денот на безбедноста и македонската полиција, истакна портпаролот Стефан Димоски.


децата„Ние со децата од градинките имаме одлична соработка. Остваруваме  безброј соработки со кои  ги едуцираме од најмала возраст за безбедноста. Посебно во сообраќајот реализираме посебни проекти со кои се обидуваме да влијаеме врз издигнување на нивната безбедосна култура како да се заштитат себе си и да ги избегнат последиците посебно во сообраќајот“, подвелкува Димоски.    
 
Пригодната програма по повод Денот на полицијата 7 мај се одржува во различен објект, напоменува директорката Роза  Костеска. Овој пат во одбележување на празникот беа вклучени децата згрижени во објектот  Росица. На крај од свечената  приредба средбата заврши и со заедничка фотографија.