Децата од охридската градинка Развигорче учеа за здрава храна и ре-креирање
Децата од охридската градинка Развигорче преку песна и игра учеа за здрава храна и за ре-креирање. Изработија и предмети од амбалажата од млеко кој ќе бидат изложени на аукција со хуманитарен карактер. Донацијата ќе биде наменета за штитениците на СОС детско село.
Во детската градинка Развигорче се одржа хуманитарна акција од компанијата Битолска млекара. Соработката меѓу оваа компанија и охридските градинки трае неколку години на различни теми, информира директорката на градинката Мери Рилкова. Годинава темата е нова и е ре-креирање, додва таа. Ние го употребуваме овој термин како рециклирање кој е вклучен во нашата програма за рано учење и развој, напоменува Рилкова за денешната активност.
„ Децата покрај тоа што се запознаваат со храната на Бимилк , со нивните производи.Особено со млекото и млечните производи, кои се здрава храна за нив и се запознаваат со витамините и минералите што ги содржат производите. Воедно, ја користиме акцијата од нивната амбалажа да ре-крираме и создаваме нови креации и дела.Со тоа кај нив се развива креативноста и имагинацијата. Секако сето тоа го реализираме со помош на нивните родители кои ни се секогаш поддршка“ , укажува Рилкова.
Бимилк како одговорна компанија секоја година гледа да помогне во општеството преку активација и донација кажува Дарко Апостолов маркетинг асистент во Бимилк.
„ Годинава направивме проект за најмладите да ги едуцираме за рециклирање и да ја поттикнеме нивната креативност , но и хуманост. Да ги научиме на здрави навики и конзумирање на млеко и млечни производи“, вели Апостолов.
Детските креации направени од амбалажата од млекото и млечните производи ќе одат на аукција. На Новогодишен базар, на 23 декември во Скопје ќе се одржи хуманитарна продажба, а средствата ќе бидат наменети за штитенците на детското СОС село во Скопје.