Децата од училишна возраст добиваат можност за учество на он лине награден конкурс на еко истражувачка тема
Најкреативниот учесник за најдобра сработена видео порака ќе добие електричен тротинет. Еко мисијата продолжува со дигитална едукативна кампања “Безбедни во изолација со супер еко едукација”, во организација на Нула Отпад лиценцирана компанија за собирање електричен отпад и батерии.
Децата од прво до девето одделение добиваат можност да учествуваат на награден конкурс на еко тема. Во услови на пандемија со Корона вирусот, лиценцираната компанија Нула Отпад за собирање електричен отпад, он лајн ја продолжува започната едукативна мисија за подигање на еколошката свест кај најмалите, а која во претходниот период наиде на одличен прием, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад.
„Дигиталната едукативна кампања е наменета да им овозможиме ангажман на децата кога се послободни заедно со родителите да го искористат времето на креативен начин и интересен начин. Да ги предизвикаме со вакви предизвици. Првиот беше високо креативен, имаа задача да изработат плаката на тема како да ја заштитиме планетата од отпадниот отпад и рециклирањето е важно и неопходно“,вели Костадинова.
До 15 јули децата на училишна возраст може да изработат видео порака на еко тема, а да понудат и најдоброто еко решение кое ќе биде наградено, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад. Со ова продолжува нивната започната дигитална едукативна кампања наменета за еколошка едукација на основците. Костадинова порачува дека децата сега ќе продолжат побројни, покреативни и погласни.
„Стручно жири ќе го награди најдоброто видео и главната награда е електричен тротинет“, информира Костадинова.
До Нула Отпад треба да пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик. Овој пат он лине проектот на Нула отпад има поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.