Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување
Охридските дечиња од семејствата кои примаат социјална помош, како и дечињата со посебни потреби од утре заминуваат на бесплатно летување.
Бесплатно летување и зимување и за учениците од социјално загрозените семејства од Охрид. Според повикот на Министерството за труд и социјална политика во врска користење на бесплатно лекување за учениците од петто до осмо оделение и охридските деца од социјално загрозените семејства како и децата со посебни потреби, ќе може да ја користат оваа услуга.Според пакетот економско – социјални мерки кои ги предвиде Владата, на летување и зимување оваа година треба да заминат вкупно 3000 ученици од пето до осмо одделение. Екрем Каљоши директорот на Центарот за социјални работи од Охрид вели дека засега интересот ветува.
„Пријавувањето е постојано, заинтересираноста на корисниците на оваа услуга во Охрид, по мое мислење е зголемена иако во почетокот имавме само едно пријавено дете, за втората и за третата група, се јавуваат по десет корисници и сметаме дека доколку овој тренд се запази ќе сме задооволни од одзивот“ вели директорот.
Каљоши обасјнува дека за првата смена од летниот одмор, од Охрид немало пријавено ниту едно лице, додека за втората која започнува утре, пријавени се седум деца кои заминуваат на Пелистер и едно дете кое летниот одмор ќе го мине во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга. Инаку во реализацијата на оваа активност покрај ресорното министерство, учествуваат и социјалните центри, како и Организацијата на црвениот крст, чии претставници ќе се грижат за активностите на децата во одморалиштата. Децата со посебни потреби, имаат право на придружба, вели директорот Каљоши.
„Лицата кои се корисници на посебен додаток за деца имаат право доколку децата не се во можност самостојно да одат, да користат право на придружба“ бјаснува Каљоши.
За користење на оваа услуга потребна е само апликација до центарот за социјални работи и потврда дека биле редовни ученици, објаснува Каљоши. Услугата опфаќа седумдневен одмор, шест ноќевања со три оброци дневно и превоз во двата правци. Децата кои ќе бидат избрани да одат на летен одмор, нема да имаат право да ја користат услугата во зимскиот период.За овој проект во буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2012 година се обезбедени 15 милиони денари.
{loadposition content9}