Педесеттина децата на возраст меѓу пет и шест години од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект централна предводени од воспитните тимови: Ружица Томоска, Габи Дејкоска; Зорка Димоска,Весе Блажеска, Катарина Довлева во Библиотеката „Григор Прличев“ се дружеа со книгите. Така на еден убав и непосреден начин го одбележава Светскиот ден на литературата за деца.
-На радоста и немаше крај. Низ полиците преполни со книги малите гостинчиња г и водеа колегите Весна Симоноска и Коста Трифуноски. Посебна возбуда за нив претставуваше посетата на одделението со книги за нивна возраст. Бевме , токму на изворот меѓу бајките и приказните, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Втори април, вусшност е роденденот на Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875), прочуениот дански автор, познат по делата „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други. Настанот го промовира Меѓународниот одбор за книжевност за деца, кој секоја година има посебна тема и порака.
Оваа година пораката стигнa од далечната Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андресен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.
Читајте им на децата уште од најмала возраст. Не дозволувајте да пораснат само пред паметните телефони, таблетите, компјутерите, порачуваат од охридската градска библиотека.