Skip to main content

Дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа Светскиот ден на литерaтурата за деца

Читајте им на децата уште од најмала возраст. Не дозволувајте да пораснат само пред паметните телефони, таблетите, компјутерите, порачуваат од охридската градска библиотека.
 |  инфодеск  | 

Педесеттина децата на возраст меѓу пет и шест години од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект централна  предводени  од  воспитните тимови: Ружица Томоска, Габи Дејкоска; Зорка Димоска,Весе Блажеска, Катарина Довлева во Библиотеката „Григор Прличев“ се дружеа со книгите. Така на еден убав и непосреден начин го одбележава Светскиот ден на литературата за деца.

-На радоста и немаше крај. Низ полиците преполни со книги малите гостинчиња г и водеа колегите Весна Симоноска и Коста Трифуноски. Посебна возбуда за нив претставуваше посетата на одделението со книги за нивна возраст. Бевме , токму на изворот меѓу бајките и приказните, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Втори април,  вусшност  е роденденот на Ханс Кристијан Андерсен  (1805-1875), прочуениот дански автор, познат по делата  „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други. Настанот го промовира Меѓународниот одбор за книжевност за деца, кој секоја година има посебна тема и порака.

Оваа година пораката стигнa  од далечната Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андресен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.

Читајте им на децата уште од најмала возраст. Не дозволувајте да пораснат само пред паметните телефони, таблетите, компјутерите, порачуваат од охридската градска библиотека.