Skip to main content

Дечињата спремни за Бадниковата поворка

Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија.
 |  инфодеск  | 

Околу 1000  охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи денес на Бадник , ден пред големиот христијански празник Божиќ.

Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање. Поворката тргнува утрото во 10:30 часот од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. Во 12 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид,  директорите на охридските јавни претпријатија  и останати функционери кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.