Skip to main content

„Дедо и внук“

Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ilija Piperkoski
Илија Пиперкоски

Ilija PiperkoskiЕдно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски.

Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и самосвесно да погледне кон иднината. Охридскиот режисер вели дека филмот „Дедо и внук“ е во чест на сите оние кои израснале со своите баби дедовци но и за оние кои немале таква можност.

„Јас го имав тој ксмет да бидам пораснат од баба ми и дедо ми. Мајка ми и татко ми на работа и знам што значи да бидеш пораснат од своите баби и дедовци. Кога понатака созрева човек,  имам сега 30 години, но уште ми недостига дедо ми ми недостига таа комуникација и односто зошто во моменти кога моите родители биле отсутни  единствените животни лекции во тој период биле од страна на баба ми и дедо ми“ објаснува младиот режисер.

logoИако неговите сценарија досега биле одбивани за финансариње од страна на Агенцијата за филм на Р Македонија и покрај тоа што биле исклучително високо оценувани, сега Пиперкоски може да смета на како што вели најпотребната, домашната подршка. Агенцијата ќе покрие половина пари од планираниот буџет. Буџетот на филмот е околу 400 000 евра, а  тука се копродуцентите од Романија кои ќего покријат  поголемиот дел од таа сума која  недостига, па останатите пари е многу полесно да се најдат,  објаснува младиот режисер.

„Многу е тешко на било кој филмаџија без разлика дали е дебитант или поискусен режисер кога ќе застане да бара пари за својот филм. Најважна е домашната поддршка“ потенцира Пиперкоски.

Филмот ќе се снима во четири годишни времиња на локации низ стариот дел на градот но се размислуваа да се искористат и убавините на источното крајбрежје на езерото како на пример Трпејца. Филмот треба да се сними во наредните три години. Кастингот е направен, но Пиперкоски не открива кои ќе бидат актерите кои ќе ги толкуваат главните ликови. Неофицијално дедото ќе го глуми еден од водечките драмски уметници во Македонија а се споменуваат и имиња на познати филмски и театарски актери од помладата генерација.

{loadposition content9}