Дефект на кујнски аспиратор презивика пожар во стан
Дефект на кујнски аспиратор презивика пожар во стан.
Дефект на кујнски аспиратор предизвика пожар во стан во зградата на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран над просториите на фирмата „АМЦ компјутери“.
Од охридската територијална противпожарна единица информираат дека пожарот избил претпладнево во кујна. Огнот започнал од кај инсталацијата на кујнскиот аспи
ратор. Пожарникарите навреме интервенирале и спречиле поголема материјлана катастрофа.
„ Успеавме веднаш да го изгаснеме, при што не е причинета поголема материјална штета“, информираат од дежурната противпожарна служба.
Од територијалната противпожарна едница и дирекцијата за заштита и спасување постојано апелираат до граѓаните за време на грејната сезона еднаш месечно да ги чистат парособирачите и аспираторите, покрај одржувањето на оџаците и огништата- котли за парно греење. Парасобирачите и аспираторите се потенцијални предизвикувачи на пожар и треба да се одржуваат еднаш месечно, додека во текот на годината треба да се изврши надзор и на вентилационите канали, стои во повикот до граѓаните од овие две институции.
{loadposition content9}