Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Серафим Китаноски“, „Кузман Јосифоски Питу“ и дел од „Јане Сандански“.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.