Поради дефект на мрежата на ул. Стив Наумов повеќе часа без вода дел од градот
Eкипи на ЈП Водовод се на терен до целосно завршување со санацијата.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Стив Наумов” повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Јабланица“, „Железничка“, „Крали Марко“, „Абас Емин“ и дел од „Бул.Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.


