Поради дефект прекин во водоснабдувањето на улицата ,,Јордан Мијалков“, а намален притисок во високата зона
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Поради настанат дефект на главниот цевковод од среднопотисната зона со профил од 450 мм денес од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата: ,,Јордан Мијалков“, додека со намален притисок ќе бидат корисниците од високата зона и тоа: с.Лескоец , с.Горно Лакочереј , с.Велгошти, ,,1-ва Македонска Ударна Бригада” и ,,Андреа Јованоски”
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.



