Жителите на улиците „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ претпладнево се без вода. Од ЈП Водовод Охрид информираа дека причина за тоа се два дефекти на водоводната мрежа.
Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „7. Ноември“ (прв дефект); и „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ (втор дефект), информираа од ЈП „Водовод“ Охрид.
Додаваат дека екипите се на терен и работат на санаирање на дефектите.