Skip to main content

Шеф на делегацијата на европската унија

Дејвид Гир во работна посета на Општина Дебрца

За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европската Унија.
 |  инфодеск  | 
Дејвид Гир

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на Општина Дебрца.

За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европската Унија.

Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на Општина Дебрца.