Skip to main content

општина охрид

Дел од улицата „Димитар Влахов“ денес ќе биде затворена за сообраќај

Надлежните ги замолуваат граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација,  денес дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.

-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.