Дел од охридските советници предлагаат во буџетот за 2017 повеќе пари за спортот
Дел од охридските советници предлагаат во буџетот за 2017 повеќе пари за спортот.
Советниците, незвисниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, реагираат на планираните средства со кои Локалната самоуправа ќе го финансира спортот во Охрид во 2017 година. Со износ од 16 милиони денари нема да има развој на спортот во градот, велат тие. Бараат за развој на спортовите во градот општината да проектира 30 милиони денари за да се поддржат клубовите, училишниот и масовниот спорт во градот.
„Има пари, да не кажуваме дека нема. Да се посвети внимание на најмалите од 1 до 8 одделнеи тоа е базата за развој на училишните спортови.За училишниот спорт стимулирајте ги професорите по физичко воспитание. Ако сте пуштиле некој професор да држи чаосви во градинката не сте направиле се. Нека се направи лига, нека живне градот“, предлага Попоски
12 години буџетот за спортови е на ова рамниште ,само различен е начинот како се трошат парите и колку се релаираат ппланираните програми , подвлекува и советникот Станкоски. Начинот на живот кај децата наметнува потреба иод поголемо вниамние на надлежните од спортски активнсоти. За реално да с е согледаат потребите на спортските клубови, Станкоски предлага и формирање на стручна Комисија.
„Независно од политката да се повикаат стручни лица. Со Сојузот на спортови очигледно не ви оди го користите само како жиро сметка каде што поминуваат средства. Има компетентни луѓе во градот кои може да дадат стучно мислење има еден месец до носење на буџетот нека дадат свои предлози“, кажа Станкоски.
Советнците потенцираат дека срамно е градот да нема водени спортови.Кажа дека многу клубови не користат услуги на СРЦ Билјанини извори како што се боречките клубови.
Инаку, од планираните 16 милиони денари во 2017 , 5 милиони се намнети з а плати во СРЦ Билјанини извори, 4 милиони за Ракометниот клуб Охрид, а за останатите клубови треба да се распределат останатите 6 милиони денари.