Skip to main content

Дел од патот кон Велестово ќе се проширува и асфалтира

Дел од патот кон Велестово ќе се проширува и асфалтира.

 |  Валентина Неловска  | 

Velestovo Започна втората фаза на грaдежни работи на локалниот патен правец кој води кон Велестово. Со овој зафат планирано е да бидат асфлатирани  3000 метри од патот со што патот ќе биде целосно завршен. За овој локален патен правец се обезбедени околу 15 милиони денари, изјави Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици

„Во оваа втора фаза ќе бидат асфалтирани 3000 метри од патот со ширина од  4 метри. Патот ќе се проширува за 40 -50 см по цела должина. Во втората фаза ќе се асфалтираат 12.000 м квадратни од овој патен правец“, вели Танески.

Локалната самоуправа парите за проширување и асфалтирање ги има обезбедено од Агенцијата за поддршка на руралниот развој. Вкупниот износ за реконструкција на локални патни правци изнесува  30 милиони денари. Од нив  половина се наменти за асфалтирање на патниот правец кој води кон Велестово, а останатите 15 милиони денари се наменети за реконструкција на уште два патни локални правци.


Velestovo „Овој проект Локалната самоуправа го реализра со средства од Агенцијата за поддршка на руралниот развој. Но, секторот за комунален развој имаше изработено готови проектни решенија  со кои аплициравме до Агенцијата и ни беа одобрени финансиски средства. Со  оглед на финансиската ситуација на општина Охрид средствата се добредојдени во осовременување на локалните патни правци од Охрид кон руралните средини“, инфромира Танески.     

Асфалтирањето на патниот  правец кон Велеството се очекува да заврши за 10 до 15 работни денови. Потоа ќе се отпочне со асфалтирање и на  двата локални  патни правци од  Вапила до Ливоишта во должина од 1950 метри и на  900 метри во населбата  Рача, во месноста викана Кромидиште, посочува Танески.