Дел од Охрид и селото Лескоец денес без електрична енергија
Од „ЕВН Македонија“, информираат дека денеска, 7-ми февруари, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе охридски населби како и во дел од селото Лескоец.
Од „ЕВН Македонија“, информираат дека денеска, 7-ми февруари, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе охридски населби како и во дел од селото Лескоец.
Во периодот од 10 до 15:30 часот без струја ќе биде дел од улицата „Галичица“, додека од 9 до 11 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на булеварот „Туристичка“ зграда 32 влез2.
Денес во периодот од 12 до 14 часот без струја ќе бидат и жителите кои живеат на дел од улицата „Караорман“ во селото Лескоец.
Од ЕВН Македонија потенцираат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е тековната реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.
{loadposition content9}