Skip to main content

Дел од охридските лекари денес на протест

Преку ова граѓанско право, тие го искажаа своето незадоволство од методот за плаќање по учинок, намалувањето на основната плата, а побараа и покачување на платите не само за лекарите, туку и за целокупниот персонал во охридската Општа болница.

 |  Голабовски Крсте  | 
lekari na protest
лекари на протест

Откако во четвртокот Судот го забрани генералниот штрајк на здравствените работници, денес за време на паузата и дел од вработените во Општата болница од Охрид излегоа на мирен получасовен протест.

lekari na protestКако и во останатите делови од државата, точно на пладне и пред управата на Охридската болница дел од вработените ги повторија причините поради кои се одлучија на ваков чекор.

Солевска Невена – Претседател на Самостојна синдикална организација при ЈЗУ Општа болница-Охрид, која е дел од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, истакна дека денешниот протест го практикуваат како граѓанско право за искажување незадоволство, од методот плаќање по учинок, како и искажување на незадоволството од намалувањето на основната плата. Солевска додаде дека нивно второ барање е да има покачување на платите на лекарите, а согласно тоа и на целокупниот персонал кој работи во Охридската болница. Инаку, утре во 13 часот, претставници на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, ќе остварат средба со Министерот за здравство, Никола Тодоров, со цел да разговараат и преговараат за нивните барања.

{loadposition content9}