Skip to main content

Дел од Охридското Езеро оди под концесија за лов на јагула

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за издавање под концесија за стопански риболов, но овој пат само на дел од Охридското Езеро.

 |  Голабовски Крсте  | 
jagula
јагула

Радован Димитриески, претседателот на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, во гостувањето на утринската емисија на ТВМ Телевизија, објасни за кој дел од езерото поточно станува збор и за кој вид риба ќе се издава концесијата.

езеро„Да не дојде до забуна кај јавноста, значи Охридското Езеро е дадено под концесија и за стопански и за рекреативен риболов, сега се доделува само оној дел што спаѓа до Даљан. Охридското Езеро го опфаќа делот од Црниот Дрим од истекот до Даљан, а сега оној дел од Даљан до црквата Св. Петка како го викаме до „ножот“, е овој дел оди под концесија само за ловење на јагула“ објасни Димитриески

Од ресорното министерство објаснуваат дека минималниот надомест за концесијата на Преспанското Езеро изнесува 8,9 милиони денари, за Тиквешкото 1 милион и за Охридското 600 илјади денари. За прв пат доделувањето на концесиите ќе биде по електронски пат.

Од таму додаваат дека ќе бидат доделени и 25 концесии за рекреативен риболов и тоа за 9 вештачки езера и 16 делови од реки. Концесијата ќе им биде дадена на концесионерите за период од 6 години. Конкурсот е распишан пред 10 дена, а заинтересираните своите понуди ќе можат да ги достават до 17 март.

{loadposition content9}