Дел од Пештани поврзано на колекторскиот систем
Во оваа туристичка населба и денеска активно се работеше. Градоначалникот најави дека доколку послужи времeто за само 10 дена целото село ќе биде приклучено на колекторскиот ситем.
Александар Петрески
Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста.
Колку ли само пари и време потрошија на плакати, постери и секакво оцрнување на Аце Петрески и опозицијата. Аце Петрески е во Охрид и меѓу своите сограѓани. Но, од она што го гледаме откако членовите на Владата на Никола Груевски прошетаа неколку дена низ Охрид и не направија апсолутно ништо ниту превентивно, ниту за санирање на последиците, рече градоначалникот. Тој информираше дека најодговорниот во моментов за поплавите во Охрид, директор на центарот за управување со кризи, Панде Лазарески, моментално се наоѓа во Франција.
Градоначалникот во своето обраќање уште додаде, цитирам:
„ Дрско, безобразно и предавнички е директорот Лазаревски во ситуација кога секојдневно се случуваат поплави, одрони, излевања и други природни непогоди, тој да ја напушти државата и да се шета по париските улици. Г-дине Груевски, вашите луѓе ја напуштија државата во ситуација кога треба да бидат во државата, кога треба да бидат во Охрид. Наместо Лазаревски да си ја врши својата работа за што зема плата од граѓаните, тој шета во Париз и Франција.
Каде ви е сега г-дине Груевски моралот, чесноста и кредибилитетот? , завршен цитат.
Петрески од премиерот побара и одговор на прашањето дали ЕЛЕМ и уште еден партиски војник на Груевски, Влатко Чингоски намерно остави ХЕЦ „Глобочица“ и ХЕЦ „Шпиље“ да не произведуваат струја со водата од Охридското езеро? Веќе побарав и пак ќе побарам разрешување на Чингоски, рече градоначалникот. Тој се огради да даде директен одговор на прашањето дали случувања со водостојот во езерото на накој начин претставуваат предизборни активности.
„Работата на градоначалникот е практична и е во интерес на граѓаните, Поради тоа политиката не треба да се меша. Повеќе од очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ на СДСМ сака да му зададе политички удар“- рече градоначалникот Александар Петрески.
{loadposition content9}