Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците
Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците. Нерешените имотно правни прашања меѓу родителите и децата многу често доведуваат и до распад на семејството. Охриѓани имаа можнoст на оваa тема да дознаат од адвокат кога и на кој начин да го заштит навреме семејството и себе си.
Делбата на имот многу често доведува до семејни кавги меѓи родителите и наследниците. Поделбата на имот често ги загрозува семејните односи, посочува Катерина Василеска од Локалната Агенција за развој. Тие заедно со здружението Јустиција организираа предавање на тема „ Имотно правни прашања“ во рамките на проектот „ И старите можат“ . Ова е многу важна тема за повозрасните граѓани кои во еден момент од животот мора да одлучат што ќе прават со нивниот имот и како да се заштитат себе си, напоменува Василеска.
„Ова е една горлива тема и еден од најголемите проблеми кои настануваат во фамилијата. Ги раскаруваат фамилиите, браќата и сестрите и родителите со децата. За имотно правните прашња е добро од правен аспект да слушнат и да им се разјаснат некои дилеми на оваа тема. Очигледно е дека семејствата се распаѓаат кога има несогласици во однос на поделбата на имотот. Тие проблеми почнуваат меѓу родителите, па родителите и децата, па меѓу самите деца. На крај се добива распаднати фамилии, а распаднати фамилии значи и распадната држава“, подвлекува Василеска за овој комплексен општествен проблем.
Адвокатот Оливера Доцевска, активист за човекови права и претседател на здружението Јустиција, од адвокатската пракса споделува дека многу често се сведоци не само на нарушени семејни односи туку и насилство врз родителите кога станува збор за поделба на имотот и наследството.
„ Толку е понекогаш страшно дури е тешко за говорење. Ние сите сме деца на родители, но не знам што се случува, тоа е психолошки проблем за кој не би сакала да навлегувам. Но, се соочуваме со грозоморни промени на односот на децата кон родителите . Наместо со уставот со кој сме обврзани да се грижиме за родителите доаѓа до обратни ситуации. Се случува дури и преку адвокат и правото да бидат злоупотребени. Ние го препознаваме тоа и бараме начин да го пренасочиме тој процес“, кажува Доцевска.
Адвокатот Оливера Доцевска препорачува повозрасните граѓани правен совет да побараат од адвокатите. Најдобрата правна заштита зависи од многу ситуации и до одлукат на личноста. Во пракса се користат сите форми на правна заштита, но најчест е договорот за подарок со услов за доживотна издршка, напоменува Доцевска.