Делегација од Истарската жупанија во посета на Општина Охрид
Делегација од Истарската жупанија денеска беше во посета на Општина Охрид пришто оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Совет, Перчо Божиновски.
– Денес имав особена чест да ја примам делегацијата од Истарската жупанија, во чиј состав беше и нашиот почитуван отец од Ријека. Оваа посета е уште една потврда за силното пријателство кое Охрид го негува со овој регион. Нашите врски со Истра веќе имаат цврсти темели преку воспоставеното пријателството со градот Пула и активната соработка со Здружението на Македонци „Св. Кирил и Методиј“ од Пула. Нашата цел е преку конкретни проекти и идеи да ја подигнеме соработката на повисоко ниво, истакна градоначалникот Пецаков по средбата.

Фокусот на соработката, додава дека ќе биде ставен на клучните области за развој на Охрид, како туризам преку размена на искуства и промоција, потоа образованието со поврзување на младите и институциите, како и градска инфраструктура со примена на успешни европски модели.
– Продолжуваме да работиме на меѓународно етаблирање на Охрид како град кој ги негува старите и создава нови пријателства за подобра иднина на сите граѓани, порача Пецаков.


