Skip to main content

Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел во посета на Општина Охрид

На средбата двете страни разменале мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој, информираа од општината.
 |  инфодеск  | 

Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

На средбата двете страни разменале мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој, информираа од општината.

-Градоначалникот Пецаков ги информира гостите за работењето на ХАБ центарот и младинскиот центар сместени во просториите на некогашната касарна во Охрид. Беше посочено дека ХАБ Центарот поттикнува локален економски развој нудејќи им на младите бесплатно користење простор, менторски програми и менторство за изработка на бизнис планови и дигитални вештини. Општината делува како мост меѓу ХАБ центарот, Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Локалниот бизнис сектор и граѓанските организации. Беше истакнато дека во иднина се планира отворање на младински културен центар во просториите на касарната, наведуваат од кабинетот на градоначалникот.

Израелските гости ги презентирале активностите на ИНОВА и израелските искуства на тој план. Делегацијата од Израел следниве денови ќе оствари средба и со градоначалници од други градови во државава, а посетата на земјава е резултат на соработката со Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво.