Skip to main content

Делегација на пензионерите на работна средба со градоначалникот Георгиески

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески,денеска оствари  работна средба со  делегација на трите здруженија на пензионерите на Охрид и Дебрца, старосните,трудовите и инвалидските пензионери,преставувани од претседателите Ѓорѓи Трпчески,Климент Димоски и Славко Јованоски.

 |   | 

Тие го информираа за склучениот договор за разбирање и соработка, меѓу старосните и инвалидските, со кој се надмина 17 годишниот спор меѓу овие две здруженија.На средбата стана збор и за текот на изградбата на Домот за стари лица во населбата Далјан,како и за дамнешната идеја за бесплатен превоз на пензионерите во пазарниот ден-понеделник.

Градоначалникот Георгиески, појасни дека ова барање може да се реализира од наредната година бидејќи за годинава не се планирани средства во општинскиот буџет.Беше актуелизирано прашањето и со судскиот спор околу сопственоста на Домот на пензионерите и грижата за негово одржување за што градоначалникот Георгиески,ќе ја подржи секоја иницијатива за решавање на овој проблем.