Skip to main content

Делегација на СЗО во посета на ЈЗУ Општа болница Охрид

Посветени сме на поддржување на иновативни пристапи во кои пациентот е секогаш во центарот на вниманието, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.
 |  инфодеск  | 

Делегација на Светската здравствена организација (СЗО) оствари посета на ЈЗУ Општа болница Охрид во рамки на националната мисија за оценување на болничкиот сектор во Македонија.

„Во текот на нивната посета, делегацијата не упати на софистицирани насоки за спроведување на нивната мисија за проценка на болнички капацитети, индентификувајќи области и можности за подобрување на капацитетите во насока на поддршка и зајакнување на стратешките цели на Министерството за здравство до 2030 година, обезбедувајќи здравствени реформи кои ќе бидат сеопфатни , проширени и кои ќе водат кон подобар систем во согласност со меѓународните одредници. “ – информираа од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Посветени сме на поддржување на иновативни пристапи во кои пациентот е секогаш во центарот на вниманието, велат од болницата.

Во периодот од 11 до 15 март 2024 година Светската здравствена организација (СЗО) , со учество на домашни официјални лица и со меѓународни експерти од Велика Британија , Франција , Шпанија и Швајцарија преку технички средби и работилници , посети на терен ја спроведува националната мисија за оценување на болничкиот сектор во Република Северна Македонија .