Skip to main content

општина охрид

Делегација на Општина Охрид во посета на Општина Стар Град во Белград

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, денеска оствари официјална посета на Општина Стар Град во Белград, Република Србија.
 |  инфодеск  | 

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, денеска оствари официјална посета на Општина Стар Град во Белград, Република Србија.

Во рамки на посетата, градоначалникот Пецаков заедно со своите соработници одржа работна средба со претседателот на Општина Стар Град, Радослав Марјановиќ, на која се разговараше за официјализирање и продлабочување на меѓуопштинската соработка меѓу двете локални самоуправи.

На состанокот беа отворени повеќе значајни теми од заеднички интерес, меѓу кои: размена на искуства во областа на локалниот економски развој, туризмот и промоцијата на културното наследство, урбанистичкото планирање и образованието.

Двете страни ја истакнаа подготвеноста за воспоставување долгорочни партнерски односи, кои ќе придонесат за размена на добри практики и реализација на заеднички иницијативи од корист за граѓаните на двете општини.

Во рамки на посетата, делегацијата на Општина Охрид оствари и посета на неколку капитални проекти кои се реализираат на територијата на Општина Стар Град Белград, при што се запозна со тековните инфраструктурни зафати.