Skip to main content

општина охрид

Делегација од Узбекистан во псоета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ.

На работната средба на којашто  присуствуваа  и  претставници од  тамошните Министерставата за економија и финансии се  разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави.  Тоа би значело воспоставување цврста  туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града.

Гостите беа информирани и за субвенциите кои  на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката.

На средбата стана збор и за меѓународниот туристички форум којшто секоја година се  одржува во Узбекистан и придобивките од него.

Како македонскиот Охрид, така и узбекистанскиот  Џизах е најживописниот град со бројни посетители и гости од цел свет во текот на годината.

Делегацијата од Узбекистан претходно остварила средба со високи владини претставници од областа на економија  и финансии.