Поради настанат дефект на уличното осветлување во село Подмоље, делови од селото од вчера се без улично осветлување.
Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Поради комплексноста на дефектот се очекува најдоцна до понеделник да се нормализира уличното осветлување во делови од селото Подмоље – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.