Се работи на отстранување на дефектот
Делови од Подмоље без улично осветлување
Поради комплексноста на дефектот се очекува најдоцна до понеделник да се нормализира уличното осветлување во делови од селото Подмоље.
Поради настанат дефект на уличното осветлување во село Подмоље, делови од селото од вчера се без улично осветлување.
Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Поради комплексноста на дефектот се очекува најдоцна до понеделник да се нормализира уличното осветлување во делови од селото Подмоље – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.


