Skip to main content

Демант на концесионерот на плажата „Потпеш“

Во врска со прилогот за плажите на потегот Потпеш и Канео, емитуван во Дневникот на ТВМ на 24.06.2015г., до нашата редакција стигна демант од концесионерот на плажата Потпеш.

 |  Мишел Наумоски  | 
demant

Во врска со прилогот за плажите на потегот Потпеш и Канео, емитуван во Дневникот на ТВМ на 24.06.2015г., до нашата редакција стигна демант од концесионерот на плажата Потпеш.

potpes demantВо него, меѓу другото, се бара објавување на записникот од извршениот инспекциски надзор во кој е констатирано дека нема никакви неправилности во работењето, односно дека дека плажата целосно го почитува соодносот на 40 % слободна површина за сите граѓани и 60 % површина на која се поставени реквизити (лежалки). Дополнително, концесионерот на плажата Потпеш во нивниот демант не информира дека од нивна страна се испочитувани сите останати обврски, како потпишување договор со Црвен Крст за воспоставување на спасувачка служба, а измирени се и сите обврски кон Локалната самоуправа, навреме и без никакво доцнење.

slika potpes lezalkiНи доставија и фотографии од просторот кој е означен со табла и натпис дека е слободен простор за капачи и посетители. Напоменуваме дека во прилогот емитуван на 24.06 за плажите Потпеш и Канео, а за кој се однесува демантот, беше пренесена изјава од портпаролот на локалната самоуправа дека инспекциските служби НЕ констатирале неправилност во работењето и дека концесионерите го почитувале соодносот 60:40. Фотографиите погоре се оние кои беа испратени до нашата редакција од страна на концесионерот на плажата.

slika potpes kameraДодека ова e фотографија од она што го забележаа нашите камери на истата плажа.

Целите на уредувачката политика на Телевизија ТВМ се објективно, навремено и транспарентно информирање на јавноста. Тенденциозните и шпекулативните методи никогаш не биле, ниту пак ќе бидат дел од нашето работење. За тоа впрочем, говори и високата доверба и рејтингот кој ТВМ го има во Д6 регионот.