Skip to main content

Демонтиран еден од билбордите кои беа запленети од УЈП

Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“.

 |  Голабовски Крсте  | 
demontiran
демонтиран билборд

Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“.

demontiranОва е само еден од неколкуте рекламни билборди кои се поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град, а на кои веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети.

Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама.

Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“ , но ова претставува дополнителна забуна бидејќи на некои од билбордите се наведени контактите и логата и со стариот и со новиот назив.

Да се надеваме дека во текот на денешниот ден ќе биде отстранет и постаментот од овој билборд, зошто бесмислените предмети и објекти во нашиов град од никогаш не биле дефицитарни.


{loadposition content9}