Skip to main content

Ден на ашуре во ОУ „Братство и Единство“

Подготовката на ашуре е вековна традиција која симболизира споделување, солидарност, љубов, братство и заеднички живот. Уште се нарекува јадење на љубовта и хуманоста бидејќи се споделува со комшиите, роднините и пријателите. Основците од „Братство и Единство“, денес за прв пат во нивното училиште подготвија ашуре.

 |  Николоска Биљана  | 
asure
ашуре

asureДен на ашурето во ОУ „Братство и Единство“. Со цел да се продолжи и зачува традицијата основците од „Братство и Единство“ заедно со родителите и наставниците во рамки на проектот за мултиетничка интеграција во образованието го организираа овој настан. Наставничката Фахрие Реџеп истакна дека по примерот на ашурето, каде што десетици производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да бидат заедно.

„Тргнавме од симболиката дека многу различни нешта се ставаат во подготовката на ашурето, така да истакнувајќи го тоа за зачувувањето на традицијата дојдовме до една ваква идеја заедно со Советот на родителите со наставниците, ученичката заедница, заеднички го приготвија ова 01:26 ова+01:54 Симболиката на ашурето е споделувањето а тоа е богатство, а вкусот е во различностите, значи различностите прават нешто да биде многу убаво и ние сме различни но тогаш сме подобри“ – нагласува Реџеп.

Традиционалното ашуре не е само едно обично благо, тоа пред се е симбол на споделување, солидарност, љубов, заеднички живот, потенцираше директорот на училиштето Муамер Доко. Додаде дека ашурето се подготвува во десеттиот ден од месецот Мухарем, првиот месец по исламскиот календар, а според верувањата традицијата започнала од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасуваат од потопот.  
 
asure „За прв пат во нашето училиште се одржува вакво нешто вклучени се од министерствот за образование и верувам дека ќе е нешто ново, убаво и традиционално“ – вели Доко.

Ашурето го вкуси и заменик градоначалник Ангел Јанев. Тој истакна дека градоначалникот Бакрачески и општина Охрид ги поддржуваат ваквите манифестации, а дека ОУ со организирање на еден ваков настан испраќа силна порака.

„Пример за меѓуетничка интеграција не само за Охрид туку и за поширокиот регион. Јас ја имав таа чест да бидам со колегиумот и да пробам од ашурето и за прв пат го вкусив“ – рече Јанев.

Ашурето во Братство, почнало да се крчка вчера од 17 часот бидејќи таков бил адетот, еден ден да отстои. Се споделува со пријателите, комшиите и роднините.

{loadposition content9}