Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото
Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Тој истакна дека радува фактот што од година во година во оваа акција се приклучуваат се повеќе граѓани. Утре дрвца ќе садат и останатите граѓани и учениците од основните и средните училишта.
Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото.
Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески.
Утре во рамките на акцијата на два хектари земјиште во градот и околината ќе се засадат чемпрес, јасен, птуја, бреза и молика.
Од особена важност е омасовувањето на акцијата и зазеленување на слободните површини во градов. Тоа ќе придонесе за зачувување на човековата околина и поздрав и поубав живот на идните генерации, рече Бакрачески.
Утре во акцијата ќе се вклучат и останатите граѓани и учениците од основните и средните училишта. Ќе се садат дрвца во училишните дворови, како и во Орман за каде во 9 и 11 часот има организиран превоз од неколку локации во градот и тоа ќе се тргнува од пред ЕМУЦ, Угостителското училиште, Гимназијата и општинската зграда.
{loadposition content9}