Skip to main content

Охридскиот Црвен крст го одбележа 17ти март, денот на крводарителството во Македонија

Охридскиот Црвен крст достојно го одбележа 17ти март, денот на крводарителството во Македонија. Благодарници и признанија добија сите истакнати крводарители, фирми и поединци што дале придонес во развојот и унапредувањето и омасовувањето на крводарителството во регионот на Охрид и Дебарца.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaketi
плакети

Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко.

Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески.крводарителство

Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот на крводарителството во Македонија, му беше доделена специјална благодарница. Претседателот на Црвен крст, Сашо Точков со нескриено задоволство рече дека охридската организација е една од најуспешните во земјата кога станува збор за собраните единици крв и одзивот на граѓаните кои сакаат да ја даруваат драгоцената течност.nagradi


Минатата година имаме едно лице кое 100 пати дарувало крв, двајца кои тоа го направиле 50 пати, а има и граѓани кои дарувале по 25 и десет пати. Крводарителството во општинската организација е една од дејностите на која активно работиме и постојано ја унапредуваме. Здравствените техники во последно време се посовремени и има помала потреба од крв и крвни продукти. Со исполнетиот план во 2014 може да кажеме дека сме ги исполнале потребите на сите здравствени установи во Охрид и Дебарца, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Благодарници и признанија добија сите истакнати крводарители, фирми и поединци што дале придонес во развојот и унапредувањето и омасовувањето на крводарителството во регионот на Охрид и Дебарца.
Благодарници добија и дел од охридските медиуми, а плакета за посебен придонес во развојот и унапредувањето и омасовувањето на крводарителството доби Телевизија ТВМ.

{loadposition content9}