Skip to main content

СВР Охрид со низа настани ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција

Отворен ден за граѓаните и свечен прием се дел од активностите со кои СВР Охрид ќе го одбележи Денот на полицијата.
 |  инфодеск  | 
Ден на македонската полиција

Со повеќе пригодни манифестации, СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ ќе го одбележат 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Во рамки на активностите, утре (6 мај) од 13 до 19 часот, на градското пристаниште во Охрид ќе се одржи отворен ден, во организација на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат пловните објекти, како и опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција при извршување на своите задачи.

Централниот настан ќе се одржи на 7 мај, кога СВР Охрид ќе организира свечен прием за претставници на локалната самоуправа од Охрид и Дебрца, како и за претставници на државни институции, соработници и активни и пензионирани полициски службеници. Во таа пригода ќе биде прогласен и најдобриот полицаец.

По повод празникот, честитки до полицијата веќе упатија и најмладите. Децата од градинката „Јасна Ристеска“ на 4 мај ја посетија полициската станица во Охрид, каде се запознаа со дел од работните простории, полициските возила и опремата што се користи во секојдневната работа на полицијата.