Денеска Македонија го чествува 23-ти октомри, Денот на револуционерната борба.
Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.
Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на организираното македонско револуционерно движење и револуционерна борба за државност и ширење на идејата за создавање сопствена, самостојна и независна држава.
Зачетокот на револуционерното македонско движење, преку Илинденското востание и Крушевската Република до славните епопеи од народноослободителната борба и АСНОМ, доведоа до создавање современа демократска самостојна и суверена македонска држава.
Нека е вечен Денот на македонската револуционерна борба!