Skip to main content

Ден на полиција

СВР Охрид денес го празнува денот на македонската полиција.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
За најдобар полицаец е избран Боге Стевчески, припадник на полициската станица во патниот сообраќај.Тој во МВР професинално ги извршува своите законски обврски од март 2009 год.
 
Наградата телевизор, за разлика од минатите години кога ја обезбедуваше Локалната самоуправа, годинава таа беше доделена од страна на Секторот за внатрешни работи.

„Изминатата година може да се пофалиме дека постигнавме уредна дисциплина на подрачјето на Општина Охрид“, вели командирот на полициската станица за безбедност во сообраќајот.

Boge Stevcevski„Годинава СВР Охрид празникот го одбележаа, во знакот на рецесијата, скромно и работно“, рече портпаролот на СВР Стефан Димоски.

Инаку, според аналитиката на  СВР Охрид во изминативе 4 месеци на подрачјето на нашава општина, случени биле 174 регистрирани прекршоци во делот на јавниот ред и мир, а во минатата година во истиов период вакви настани биле регистрирани 254. Во делот на класичниот криминалитет пак годинава регистрирани се 179 настани наспроти 201 лани. Во областа на сообраќајот во првите 4 месеци годинава вкупно биле регистрирани 1310 за разлика од лани кога во СВР се заведени 1483. Сето ова говори дека полициските службеници се многу добро поставени во сите сегменти од делувањето на СВР Охрид.

 

„Нашите оперативни активности се извонредно добри што резултира со намалена бројка на криминалитет спрема лани“, истакна портпаролот на СВР Димовски.

{loadposition content9}