Skip to main content

Ден потоа, Антички

Ако вчера го посетевте Античкиот театар не ќе можевте да се изначудите на глетката. Насекаде отпадоци и смет.

 |  Крсте Голабовски  | 
Вака изгледаше вчера античкиот театар, еден од најрепрезентативните културно историски објекти во нашиот град. Оваа ужасна глетка остана после одржаниот концерт на „Токсикологија“. Организаторите сметот го исчистија дури еден ден потоа.

Дали во екот на туристичката сезона и во викенд, кога посетеноста на Охрид е најголема, домашните и странски туристи треба да го видат театарот во вакво издание. И дали ова уште еднаш укажува дека на Антички не треба да се одржуваат концерти од ваков карактер. Екот на сезоната носи плус, концертите, и секаквите некакви журки и забави кои се организираат низ разни локации во нашиов град носат и други проблеми. Така, СВР Охрид поднесе кривична пријава против  С.К.(27) и П.К.(26) двајцата од Охрид поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривично дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„.     Имено, на ден 23 Јули оваа година, по претходни оперативни сознанија, при преглед кај Пештани, кај првопријавениот С.К. пронајдени се вкупно 49 таблети Екстази-амфетамин. Кај второ пријавениот П.К. во неговата долна облека, пронајдена е опојна дрога марихуана. Двајцата пријавени, се сопрени кај Пештани во патничко моторно возило „Пежо Партнер„ управувано од П.К.  кој заедно со неговиот пријател имале намера да присуствуваат на техно забава во Авто кампот „Градиште“.Во извршените контроли на полициските инспектори, викендов на техно забавата во авто кампот, кај повеќе лица од Скопје, биле пронајдени и други помали количини Екстази и Марихуана. Истите се приведени и ќе бидат поднесени соодветни пријави.