Skip to main content

УХМР

Денес до 33 степени во Охрид, следуваат дожд, грмежи и пад на температурите

Денес во Охрид температурите од 16 до 33 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Денес во Охрид температурите од 16 до 33 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.