Skip to main content

општина охрид

Денеска  55. вонредна седница на Советот на Општина Охрид

Советниците денес на вонредна седница ќе гласаат за одобрување финансиска помош за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Денес со почеток во 9.00 часот ќе се одржи педесет и петтата вонредна седница на Советот на Општина Охрид со следниот дневен ред:

1. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2025 година.

2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на Општина Охрид за 2025 година.

3. Предлог-одлука за одобрување финансиска помош за семејствата на починатите лица и за повредените лица во пожарот во Кочани од 16.3.2025 година.