Денес, на цивилното стрелиште „Бејбунар”, со почеток во 09:00 часот, ќе се изведува боево гаѓање од страна на припадниците на Затворската полиција при КПУ – Затвор Охрид. Гаѓањето се очекува да заврши најдоцна до 14:00 часот.
Поради тоа, се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движењето околу стрелиштето „Бејбунар”, се додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ Затвор Охрид.